
Центарот за имунизација при Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип работи и втора смена, со што дечињата може да се вакцинираат во периодот од 7 до 19 часот. Со ова се овозможува на родителите да ги вакцинираат своите деца во текот на целиот ден, а е дел и од препораките на Министерството за здравство, како и зголемениот одзив кај родителите за вакцинација на своите деца.
„Ние како институција ги следиме препораките од Минстерството за здравство и организиравме работа во две смени. Ова на Локално ниво за Општина Штип не е толку значајно за растеретување на гужвата за имунизација туку повеќе има за цел достапност на родителите кои заради едносменското работење не беа во можност да ги донесат дечињата на вакцинација.„ – вели Коцева-Миланова.
Пред прогласувањето на епидемија на град Скопје, опфатот на ревакцинација на 18 месеци во Штип беше 84%, а по прогласувањето на епидемијата родители сами барале вакцинирање на нивните деца, со вакцина која претходно намерно или несвесно била изоставена.
„Што се однесува до процентот на локално ниво можеме да се пофалиме дека за примо имунизација и за втората ревакцина која се прима на седум години е над 90%. Ние послаб одзив имаме за ревакцината на 18 месеци. Причината за послабиот процент на имунизираност за ревакцина на 18 месеци е делумно што родителите сакајќи да ја одолжат вакцината против морбили забораваат или свесно ја одолжуваат оваа вакцина. По прогласената епидемијана територија на Скопје мора да кажам дека се зголеми нивото на свесност и одоговорност кај родителите за оваа вакцина“ – додава Коцева-Миланова.
Потврда за целосна имунизација бараат и во детските градинки, ова се однесува на вакцината против морбили како и ревакцината против голема кашлица.
Лаура Стојанова М-Нет