
Веќе подолг период жителите на село Уларци се соочуваат со проблеми со канализацијата. Велат дека ги спречува и им ги отежнува секојдневните активности. Веќе неколку пати пробувале да аплеираат до градоначалникот, но одговор од него нема. Оставени се сами на себе. Спремни се и сами да го решат проблемот доколку не го решат институциите
„ Канализацијата се не изведува на четири метри доле. Има каналлизација и тоа има промашај со цевките треба одводо да биде F400 они ги користија F200. Значи се е лаж нема ништо, сеа може да погледнете. Јас лично две години имам го оштетено тракторо од сечењето на асфалто и се е ископано. Жалиме се до градоначалнико нема кој да не слуша, поарно и да не ја почнуваа тоа на западо се праве водовод и канализација заедно а ние праеме едно па друго ќе праеме. Ништо ја не го ни познавам кој е тај градоначалник. Тука бил од село Чешиново не го ни знам момчето а претходните градоначалници барем доаѓаа.“
„Па канализацијата комај година време ќе направе. Тај ако е инвеститор кој е инвеститор општина имаме, ако он нас не мразе како село. Да ни бере гајлето како село. Најзапустено село у овоа Чешиново, Облешово овоа најзапустено нашто село е. Не те прима како градоначалник не те ферма. Праеме записник сите се потпишуваме неќе да не прима у општината да разговараме или да си тражеме чаре. Ако не бива ваа општина спрема нас да искочеме ние со нив ќе тражеме друга општина.“ вели Митков
„Одамна година ќе биде веќе како е почнала и не е направена. Сино става канализација да преклуче дека да преклуче? Кај кој да се жалеме ? Не откако е биран не е улегнал у село пред недела нешто фана не невреме поплави фана овоа тука се вода беше, нема го да дојде да виде. Почнаа бункери да прават шо там и тоа оставија готово, нема ништо“
За проблемот во село Уларци одговор побаравме и од Општина Чешинов Облешево. Градоначалникот до овој момент остана недостапен за да одговори на нашите прашања.
Лаура Стојанова, М-Нет