
Раздвижен пазарен ден, разработени тезги, раздвижени граѓани со голема побарувачка за производите. Некому скапо, некому евтино, секој со различни мислења според своите месечни примања. Во големата побарувачка овој петок се бараше пиперот и патлиџанот, но и краставицата кои се продаваа под пристапна цена.
„Денешните цени се како минатиот петок, има раздвиженост има и побарувачка. Најмногу бараат овошје, ама и домат и краставица. Има граѓани кои се интересираат само за цената, оти имаат домашно производство. Кој си има домашно свое производство може да се опстое.“ – велат продавачите.
„Денешниот петок не се скапи цените, значи пиперо е седумдесет и шеесет денари, зависи од классата, допдека минатиот петок беше од девеесет до сто. Патлиџанот е пеесет денари, а краставичката е качена на шеесет денари, додека модриот е од парче четириесет, пеесет денари „
„ Се е стандардно да кажеме, си има муштерии ном стоп, значи од 400 kg патлиџан секој петок се троши“- велат продавачите
„ Oсновните работи, зависи што треба да се јаде. Основните работи овошјето, црешата сега, таа е нај актуелна сега овој момент и тоа е“- велат продавачите
Некои граѓани велат, дека за нив има поевтинувања и дека периодот е добар пред новите месечни примања. Во овој период покрај зеленчукот, посебен замав зема и овошјето, а во моментот тоа е побарувачката на црешата.
„Кој како си има, кој нема пари малку си купе, ако си имаш парички ќе си купеш.
„Oбавезно секој петок си купувам по 2 kg цреши“. Добро, скапи се, но кога сакаш да јадеш,
мораш и да си купеш“
„ Oд онај претходниот не, има сега по ефтини цени. Патлиџанот триесет, пиперот пеесет. Пред пензија добро е, а другиот петок ќе видиме. Патлиџан, пиперка,компир, тиквичка, краставичка тоа од пазар“
„Добро е, добро не е скапо, цените се добри“
„ Не е ни евтино“
Согласно со различните цени, граѓаните додаваат дека своите неопходни продукти морат да ги купуваат без оглед на примањата и дека тие се основните продукти кој се конзумираат секојдневнпо.
Лаура Стојанова, М-нет