
Познати се сите екипи кои имаат загарантинрао место во групата фаза од Лигата на шампионите за сезона 2025/2026.
Европската ракометна федерација го објави списокот со 19 клубови кои се пријавиле за настап во елитното натпреварување. Магдебург кој ја освои Лигата на шампиони е меѓу десетте екипи кои имаат загарантирано место, а тука се и Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, ПСЖ, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Загреб и Алборг.
Девет клуба побараат „валјд-карта“ за настап во Лигата на шампионите во следната сезона, меѓу нив е и шампионот Еурофарм Пелистер.
Покрај битолскиот клуб за „валјд-карта“ аплицираа и Нант, ПИК Сегет, Келце, Порто, Кадетен, Колстад, Слован Љубљана и ГОГ Гудме. Девет екипи побарале „валјд-карта“, а само за шест ќе има место, тоа значи дека три екипи ќе извисат.
Системот на натпреварување во Лигата на шампионите останува непроменет – вкупно 16 екипи ќе играат во групната фаза, поделени во две групи со по осум тимови.
Барањата ќе бидат разгледани од страна на комисијата за евалуација, а конечната листа на учесници во Лигата на шампионите во сезона 2025/2026 ќе биде објавен на 24 јуни.
Александар Ванев, М-Нет