Ракометната репрезентација на Македонија утре против Естонија во гости, во меч од квалификациите за ЕП

ФОТО: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија утре на гостински терен ќе се соочи со Естонија, во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое се игра следната година.

Македонија нема право на грешка на овој меч и мора да оди по триумф и два бодови во тешката битка да се избори пласман на ЕП. Македонија со победа над токму Естонија во Скопје на 6 ноември минатата година и започна квалификациите, а потоа загуби од Литванија во гости, па следуваат два порази од Словенија дома и во гости.

Словенија е прва во нашата група со осум бодови и веќе обезбеди билет за ЕП, втора е Литванија и затоа ќе мораме да се надеваме дека Словенија ќе ја победи Литванија, а ние да ја добиеме Естонија и потоа да ја совладаме Литванија во последното коло од квалификациите.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот.

Европското првенство се игра во период од 15 јануари до 1 февруари 2026 година, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска.

Александар Ванев, М-Нет