
Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип ја оствари својата прва цел да се пласира во плеј-офот. Тоа беше стартна цел на штипскиот клуб пред почетокот на сезоната за што најави и најдобрата ракометарка Марија Анчева, која гостуваше во Трибина на М Нет телевизија.
За Астибо ова е голем успех со тоа што тимот ќе се натпреварува во плеј-офот против силни екипи како шампионот Македонија ЃП, Чаир, Металруг Автокоманда, Вардар и Куманово.
Чекор по чекор клубот ги остварува своите цели.
Плеј-офот штипјанки ќе го отворат на домашен терен против Металург Автокоманда во првото коло.
Првото воведно коло ни го носи и големо дерби меѓу шампионот Ѓорче Петров и Чаир, а пак Вардар ќе се соочи со Куманово.
Екипите на Ѓорче Петров, Чаир и Металург како првопласирана во своите групи пренесуваат по еден бод, додека пак Вардар, Куманово и Астибо не пренесуваат бодови.
Вкупно шест екипи ќе разигруваат за титулата и излез во Европа во рамки на плеј-оф сегментот, додека пак во плеј-аутот ќе настапуваат седум екипи односно Пелистер, Деспина, Ѓорче Петров 2, Овче Поле, Стружанка, Спартак и Шампион.
Колку за потсетување од натпреварување беа исклучени Скопје и Гевгелија, поради скандалот со автоголовите во Купот.
Александар Ванев, М-Нет