Раздвижен пазарен ден во Облешево, зеленчукот по поволни цени, овошјето поскапо, вишните уништени

Раздвижеен и задоволителен денешниот пазарен ден во Облешево. За разлика од претходниот вторник кога и продавачите и купувчите се броеа на прсти, денеска имаше избор, добри цени и расположени купувачи. Продавачите со поделен став, за дел од нив пазарот, одличен, за друг дек далеку од добар. Но, загрижува фактот што годинава проблем ќе бидат овошките кои се уништени од мразот и токму затоа ќе бидат скапи.

И купувачите задоволни од денешните цени на производите на пазарот во Облешево. Велат купува секој согласно своите можности.

Зелена салата, домати, пипер за пршење и сезонско овошје беа најбарани на денешниот пазар во Облешево. Можеше да се купи и ракија, вино, мед, јајца и по некое парче текстил.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет