Работнички се засили со Валон Ахмеди, „романтичарите“ имаат екстра засилување за атак на титулата!

Прволигашот Работнички за пролетната полусезона каде ќе води борба за освојување на титулата во македонскиот шампионат доби квалитетно засилување.

Се работи за искусниот Валон Ахмеди, кој во Работнички доаѓа како слободен агент. 30-годишниот ованзивен играч за врска, може да игра и на крилните позиции.

Последно настапуваше за тетовска Шкеднија, а низ својата карира новото засилување на работнички беше дел и од Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ и Шахтер Солигорск.

Во својата кариера Ахмеди ја има освоено титулата во белорускиот шампионат, има титула во шампионатот на Словенија, а го има освоено и Купот на Словенија, го има освоено и македонскиот Куп, а двапати го има освоено и Суперкупот на Белорусија.

Работнички пролетниот дел го отвара утре со гостување на Чаир против Шкупи, а целта на „романтичарите“ е освојување на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Во таа борба за титулата покрај Работнички влегува и лидерот Силекс, Шкендија, Гостивар и актуелниот шампион Струга Трим Лум.

Александар Ванев, М-Нет