Пуштен во употреба далекуводот Штип – Овче Поле

Пуштен во употреба 110киловатен далеководот кој ги поврзува трофостанцата Штип со трофостаницата Овче Поле, во должина од 17 километри. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на МЕПСО денеска во Штип го означија почетокот на работењето на овој далекувод.

„Изградбата на овој далкувод е од огромно за стабилност со електрична енергија во регионот. Овде имаме многу нови компании кои имаат потреба од сигурна и стабилна енергија. Со ова испарќаме сигурна и силна порака со сите инвеститори, домашни и меѓунардони дека ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструкторен амбиент за сите потецијални инвеститори што сакаат да ги искористат економските потенцијали на овој регион“ – кажа Бочварски.

Овој далековод се пушта во употреба по една година од активностите на терен, а директорот на Мепсо истакна дека важноста од истиот е огромна.

Инвестицијата за изградбата на овој капитален инфраструктурен проект изнесува 1,41 милиони евра, во него АД МЕПСО вложи сопствени средства и истиот е поддржан со средства од заем на ЕБОР. Изведувач на работите за изградба на далекуводот беа две компании од Р. Србија, а надзорот го вршеше домашна компанија од Битола.

Овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО што опфаќа реконструкција/изградба на вкупно шест 110 кV далекуводи, од кои два се во целост завршени и пуштени во работа, а другите се во одредени фази од реализацијата. Со овој инвестициски циклус ќе бидат изградени над 130 километри далекуводи и ќе се инвестираат над 15,7 милиони евра, дел од кредитната линија на ЕБОР и дел средства на АД МЕПСО.

Лаура Стојанова М-Нет