Протестите во Кочани со променет облик, наместо блокади ќе се врши целодневен мониториг

Протестите во Кочани на градската депонија завршија, од сега ќе се врши само мониторинг за да се види колку се почитува одлуката донесена на последната седница на Советот. Граѓаните кои протестираа 17 дена деноноќно донесоа одлука, блокадите да бидат отстарнети, а во наредниот период со автомобили да се врши мониторинг на градската депонија во Кочани. На овој начин ќе се покажа и доверба во Локалната самоуправа во Кочани, и советниците кои едногласно ја донесоа одлуката да се забрани носење на сметот од соседните општини, но и од сите останати општини.

„Градската депонија во Кочани ќе придолжи да се третира најпрофесионално. Протестот продолжува со друг облик, не со блокажа туку со мониторинг 24/7 со автомобили, во групи распределени. Со ова ќе покажеме и доверба кон локалната самоуправа која едногласно ја донесе одлуката. Тие кажаа дека ги имаат средено релациите со останатите соседни општини.“ – вели Сабовљевиќ.

Протестите на патот кој води кон градската депонија во Кочани, кај село Бели трае речиси три недели деноноќно. Граѓаните будно ја следеа ситуацијата со носење на смет од соседните општини на депонијата во Кочани. Со жив штит ги вратија назад комуналните возила од Виница и Чешиново Облешево со една единствена цел Кочани да дише чист воздух. Расположение покажаа и советниците во Кочани, кои на последната седница донесоа едногласно одлука ѓубрето од соседните општини да не се носи на депонијата во Кочани.

Во меѓувреме депонијата се исчиси и истата почна да се третира со алги.

Лаура Стојанова М-Нет