Пронајден починат маж во стан во населба „Осми ноември“ во Штип

На 12.07.2020 во 20.46 часот во СВР Штип, било пријавено дека на тераса од стан на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип бил пронајден починат Ж.М.(31) од Штип. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип било констатирано дека на телото на починатиот нема траги на насилство и било предадено за погреб. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.