Пронајдено оружје кај 81-годишник во Берово

Денеска (23.10.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Берово во периодот од 07.30 до 10.00 часот, по претходна судска наредба од Основен суд Кочани, бил извршен претрес во дом во Берово кај М.П.(81) и во викендица лоцирана на место викано Орман-Дурева чешма, при што биле пронајдени: воздушна пушка „Црвена Застава“ 4.5 мм, 160 дијаболи калибар 4.5 мм, пиштол „ерма венке“ модел еп 25 калибар 6.35 мм, 13 куршуми калибар 6.35 мм, еден куршум калибар 9 мм и 12 куршуми калибар 7.65 мм. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.