Пронајдена е популарната метларка, според Коцев жива и здрава е!

Популарната метларка од 86 илјади евра која се бараше и беше тема на вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, денеска беше во кругот на пречистителната станица. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип вчера јавно прашаа дали метларката е во оставена во тревата во кругот на ЈП„Исар“, ама не таа беше на друга локација. Директорот на ЈП „Исар“, Здравко Коцев истакна дека е жива и здрава и дека служи за потребите на градот и граѓаните.

„Вчера многу од вас ми побараа одговор на пресот на ВМРО ДПМНЕ што се одржа пред ЈП„Исар“, каде се наоѓа метларката. Еве ја метларката жива и здрава во функција и сега да и одговорам на лажната лекторка. Оваа метларка, овој овде потег внатре во филтер станицата, потегот од овде до самата населба „Баби“ се исчисти со неа кој што не беше чистен многу, многу години. Така да, кога ќе се решавате да пласирате невистини најдете нешто попаметно“ – истакна Коцев.

Коцев додаде дека нареден пат за прес конференција од опозициската ВМРО ДПМНЕ Штип да изберат подостојна тема.

Лаура Стојанова М-Нет