
Есенската нестабилност на времето го зголеми бројот на настинки и вирусни инфекции, на удар децата и хронично болните лица. Лекарите велат – нема место за паника, но внимателност е потребна.Времето се менува, телото реагира. Падот на температурите носи пораст на вирусни инфекции. Горнореспираторните симптоми веќе се чувствуваат, особено кај децата.
,,Овие амплитудни разлики придонесуваат до надворешни климатски промени. Колективно значи она во затворени простории подолго време и може би како резултат на тоа е очекувано во овој период да се појават симптомите за горнореспиранотрните симптамотологија, која што ја спомнавте. Најчесто околу 90 проценти предизвикувачи на овие симптамотологии што е во овој есенски период се вируси и не треба да има загриженост, се лекуваат симптоматски со мирување, течности. Кај хронично болните лица и помалите деца кои што имаат високи температури, секаако да побарат совет и преглед од својот матичен лекар.“, рече Митрова
Докторите предупредуваат, при висока температура кај децата, важно е навремено да се побара совет од матичен лекар
,,Најчесто советуваме ладење на телото, хидратација, антипиретик според телесната тежина кај децата, лекови кои што ја симнуваат температурата. Меѓутоа имаме и ситуации во кои што високата температура на која што секој организам различно реагира, така да може да дојде до појава на грчеви. При температура 38 со пет да побараат совет од матичен лекар.
Со навремена грижа и следење на симптомите, настинките ќе поминат без поголеми компликации. За најмладите и хронично болните, советувањето со матичен лекар е клучно за безбедно и брзо закрепнување.
Иван Митев, М-Нет