Продолжува „шопингот“ на Астибо во Овче Поле, Стефанија Павловска ново засилување на штипскиот суперлигаш

Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип го продолжува „шопингот“ кај Овче Поле од Свети Николе, а од таму го договори и промовира четвротото засилување.

Ново засилување на штипски Астибо е Стефанија Павловска која игра на позицијата крило. Интересно е тоа што четири засилувања на Астибо доаѓаат од Овче Поле, претходно како што објави телевизија М Нет беше промовирана кадетската репрезентативка Анастасија Сентовска која игра на бековската позиција, Наталија Манева и Елена Вучевска кои играат на бековската и пивотменската позиција.

Како што веќе информираше телевизија М Нет од Астибо порачуваат дека клубот нема да мирува и дека ќе продолжи со засилувања и со тоа да биде конкуретен за горниот дел од табелата во женската Суперлига.

Дополнително во своите редови Астибо ја има Марија Анчева која е најдобар стрелец во Суперлигата со 345 постигнати погодоци.

Александар Ванев, М-Нет