
Силекс и Работнички вчера одиграа пријателски натпревар во Кратово во рамки на летните подготовки за Европа и Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот заврши без победник, но и без погодоци.
Овие две екипи ќе се соочат уште еднаш во меѓусебен пријателски натпревар, кој ќе се одигра во Скопје, а со цел темпирање на формата за новата сезона.
Вардар забележа убедлива победа од 3:0 над шампионот на Црна Гора, Будуќност на првата пријателска во Словенија.
Тимот на Гоце Седлоски на полувреме имаше 1:0 со голот на Едиз Спахиу, а во вториот дел два гола даде Горан Закариќ.
Силекс, Работнички и Вардар ќе настапуваат во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Александар Ванев, М-Нет