Пријателски натпревари на второлигашите во Виница и Гевгелија

Македонските второлигаши започнуваат со одигрување на пријателски натпревари за проверка на формата. Поголема дел од второлигашите веќе тренираат повеќе од десеттина дена, дел започнаа изминатата недела.

Екипата на Кожуф која сега е предводена од штипјанецот Иван Варадиновски одигра пријателски меч со Беласица до Струмица на градскиот стадион во Гевгелија.

Овој тест натпревар послужи првична проценка за тоа како започнале и како се одвива првата фаза од подготовките. Натпреварот заврши со триумф за струмичани од 2:3, но резултатот беше во втор план бидејќи целта беше да се провери формата, комбинации, воигрување, вклолување на новите засилувања во екипата.

На градскиот стадион во Виница се одигра пријателски натпревар на повратниците во Втората лига, Слога и Тетекс.

Мечот заврши со минимална победа на Слога Виница предводена од штипјанецот Емил Грнев со резултат од 1:0, а стрелец на единствениот победнички гол беше Михаил Воинов.

Веќе во следните денови второлигашите започнуваат поинтензивно со одигрување на пријателски натпревари за проверка на формата пред стартот на новата сезона кој е закажан за 23 август.

Александар Ванев, М-Нет