
Зејтин од ладно цедено сончогледово масло со кантерион е народен лек што лечи од глава до пети. Го подготвува 88-годишниот дедо Дане од Штип, роден во село Брес, кој целиот живот го посветил на билките и тврди дека не постои тревка што не ја знае. Маслото стои на сонце до 50 дена и токму така ја добива својата моќ – природна, густа и ефикасна. Се користи надворешно за рани, гребаници, лишаи, кожни воспаленија и убоди од инсекти. А внатрешно – за чиреви, дијареа, запек, хемороиди и цревни тегоби, и тоа по цена од само 100 денари.
,,Зејтин од ладно цедено сончогледово масло. Се става кантерион, стои од 45 дена до 50 дена на сонце, затоа е густо, јасно и ефикасно. Полезен е за се, особено надворешно за лиша, греботина, рана, јадеж од инсекти за се. Внатрешно сообено за чирашите, се пие на гладно наутро со лажичка. За црева, пролив, запек, дури помага и за хемороди. Го правам од 90 сетата година со доста литература, така бев малку повеќе занесен кон биологијата. Имам голем број литератури и од тоа дојдов до познавање на сите блики, ретко има блика што не ја познавам. Берам секаде Плачковица, Серта, Овче поле. Кантерионот го има секаде, особено покрај полињата или на нивите кои што не се работат.“, рече дедо Дане
Со берење чај дедо Дане се занимава над три децении. Вели секоја билка ја знае, ја бере и продава низ штип, за да неседи бадијала дома.
Дедо Дане со својот зејтин не само што лекува тела, туку и чува вековни знаења и традиции. Во светот што брзо се менува, неговиот рецепт е потсетник дека природата останува најверниот сојузник во борбата за здравје.
Иван Митев, М-Нет