Приведен Бањоглав од с. Долни Балван

Откако и денеска продолжија случувањата во село Долни Балван кај Ристе Бањоглав, со извршувањето денеска тој беше приведен од страна на полициските службеници. Некогашниот кандидат за градоначалник на Општина Карбинци денеска мака мачи со извршители и доверители. По настаните од минатата недела кога извршителката во придружба со полициски службеници насила го селеа од дома, па и одлуката дека и за неговите животни треба да се најде ново живеалиште, утринава Бањоглав беше приведен во полициската станица во Штип.

Која е причината за приведувањето сè уште е непознато, како што се непознати и настаните во неговиот дом од утрово. Инаку, и мајката на Бањоглав, Рајна Ристова, претходната среда се најде во билтенот на СВР Штип, заради недолично однесување кон полициски службеници.
Од СВР Штип за случајот истакнаа само дека тие си ја извршуваат нивната работа.

Лаура Стојанова МНет