Приведени четири лица во Штип, пронајдена марихуана

На 03.03.2023 во 02.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле А.Г.(19), Г.Н.(21) и М.М.Д.(20), сите од Штип, затоа што при преглед кај нив, кај А.Г. била пронaјдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.03.2023 во 13.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Т.(35) од Штип затоа што при преглед во возилото „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.