
Наместо одговорно и посветено работење, граѓаните допија три ипол години промашени очекувања, истакнаа денес од ОО СДСМ Штип. Велат дека граѓамоте заслужуваат чесно и транспарентно водење на општината.
“Граѓаните на Штип ја дадоа својата доверба на Јорданов да ја води општината, но наместо одговорно и посветено работење, добија три и пол години фушерај, скандали и промашени очекувања. Граѓаните на Штип заслужуваат чесно и транспарентно водење на општината, а не предизборни спектакли и лажни ветувања. Бекатон-градоначалникот не може да ја испере својата неспособност со неколку панично започнати градежни активности. Народот гледа, и овојпат нема да дозволи повторно да биде излажан.”, велат од ОО СДСМ Штип