
Павел Иванв, претседателот на ОО СДСМ Штип на денешната прес конференција постави прашања до надлежните во врска со бунарскиот систем во градот.
На прашањата постаени од Иванов, претседателот на ОО СДСМ Штип, одговор даде градоначалникот Иван Јорданов. Тој вели дека ставовиите и прањата се апсолутна невистина и дека бунарскиот систем постои и истиот доколу има потреба во исклучителни состојби може да биде ставен во функција.
Подолг временски период политичката партија СДС шири невистини и ја манипулира јавноста во Штип поврзано со оваа тема. Апсолутна невистина се изнесените ставови и прашања. Бунарскиот систем постои, не е уништен и истиот доколку има потреба во исклучителни состојби може да биде ставен во функција. За појаснување на јавноста, заради ограничениот капацитет на вода како и високите трошоци за струја, филтрација и оддржување истиот е алтернативно решение. Но за негово вклучување и ставање во функција во даден момент се потребни да поминат повеќе од 24 часа.“, одговори Јорданов
Дополнително градоначалникот Јорданов појасни дека кога има прекин на водоснабдување, за да се стави во функција бунарскиот систем со филтрирана, бактеролошки и хемиски испитана вода за пиење, потребен е подолг временски период од времето за санација на евентуален дефект или состојба во постоечкиот водоснабдителен систем.
Иван Митев, М-Нет