
Изминатата година помина во знакот на штетни одлуки од страна на Локалнта власт, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму, граѓаните останаа да чекаат реализација на ветеното.
„Изминатата година во општина Штип помина во знакот на скандалозни, штетни и поразителни одлуки од страна на локалната власт, со директни последици врз стандардот и квалитетот на живот на нашите сограѓани.“ – вели Павел.
Дополнително истакнаа дека низа проекти кои беа презентирани во јавноста се уште не се реализирани.
„Проектите што беа најавувани со фотографии и промоции : салата „Џексон“ , паркот Иднина , и натаму се само раскопано градилиште , без реална реализација. Четири годишниот мандат на Јорданов и влегување во нов е без никаков бенефит за подобар живот на штипјани.“ – додава Иванов.
Од ОО на СДСМ Штип посочија дека изминатото владдење на ВМРО ДПМНЕ е владеење за личен интерес, додавајќи дека заеднички ќе се борат против оваа власт.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет