Прес конференција на ОО на СДСМ Штип во врска со работничката класа

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја понижува секојдневно работничката класа, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека се игнорираат потребите на граѓаните, а цените вртоглавно растат.

„За функционерите има луксузни овошја, луксузни патувања и луксузни возила, додека работниците, не можат да обезбедат за леб, јајца, млеко и месо за своите семејства. Дпмне ги игнорира потребите на граѓаните додека животниот стандард продолжува да опаѓа. Цените вртоглаво растат, како и сметките за струја и парно, а дополнително се зголемени и локалните давачки – данокот на промет, данокот на имот, паркингот, водата и ѓубрарината. Граѓаните веќе не можат да го издржат ова. Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот, но оваа власт дури и ова го доведува во прашање.“ – велат од СДСМ.

Од ОО на СДСМ Штип потенцираат дека фер е минималнара плата за достоинствен живот да биде 500 евра.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет