Презентиран водичот за вештачка интелигенција, изработен од МОН и професори од УГД Штип

Нема веќе бришење и поравање на оценки од страна на настаниците и директорите – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа истакна дека со е дневникот оценките ќе бидат реални и заслужени. Таа додаде дека нема повеќе директорите да интервенираат во графите, ниту ќе може еден предметен наставник да ги гледа оценките на другите предметни наставници.

-Е-дневникот е работен како проект на Европската унија и е надграден и осовремен, она што сакам децидно да го кажам е дека Да нема веќе бришење, допишување или препишување на оценки. Нема повеќе препишување на наставни планови и програми. Точно е тоа дека е-дневникот веќе не го дозволува тоа. Нема бришење на оценка двојка, преправање во петка. Тоа ќе може само администраторот во МОН да го направи. Доколку има сериозно објаснување за таквото нешто, дека згрешил наставникот и да интервенира во најкус можен рок, изјави Јаневска.

Дополнително беше презентиран и водичот за вештачка интелигенција изработен од страна на МОН во соработка со професорите по информатика од УГД Штип.

„На 120 страници водичот се осврнува на историјата на вештачката интелигенција и дефинициите за истата, на видовите вештачка интелигенција, како да се применуваат најпознатите алатки за создавање и уредување текст, слики, истражување и слично. Дополнително како да се користат алатките во одделни области“ – додава Јаневска.

Водичот за користење на вештачката интелигенција во наредниот период ќе биде достапен за училиштата, а наставниците ќе следат обуки со цел правилно користење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет