Превалец домаќин на Млекар, Бучин на соочување со Венец

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Со натпреварите од првото коло утре ќе започне новата сезона во Трета лига – Југ, а во која ќе се натпреваруваат 14 екипи.

Во првото коло екипата на Превалец која е претендент за првото место ќе го пречека новиот третолигаш Млекар, а пак Влазними Јуниор ќе игра против Тополка, исто така нов третолигаш.

Росоман ќе биде домаќин на ланскиот второлигаш Борец, Бучин ќе се соочи со Венец на свој терен, додека пак Младост од Кривогаштани ќе ги одмери силите со Ултрас.

Слога ќе игра со Башкими од Јаболчиште, а пак Питу Гули ќе ги одмери силите со Дреново на стартот од новата сезона.

Екипата на Борец ќе цели кон експресно враќање во Втора лига, а пак амбиции за висок пласман и бараж за Втора лига има и екипата на Превалец, а сигурно е дека и некоја друга екипа ќе се вмеша во оваа трка.

Александар Ванев, М-Нет