
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Скопје се засили со Али Адем и Томче Гроздановски, со цел да се добие дополнително искуство во тимот и да се стигне до првиот сезонски триумф.
Адем е играч од средниот ред кој во тимот од Автокоманда доаѓа од редовите на косовски Љапи, а низ кариерата 26-годишниот беше дел од Вардар, Шкупи и македонија ЃП, додека пак меѓународна кариера покрај во Косово градеше и во Албанија и Грција.
Гроздановски кој има 26 години во Скопје доаѓа од тимот на Пелистер, а во македонскиот фудбал настапуваше за Силекс, Работнички, Кожуф и Металург, додека пак меѓународна кариера градеше во Словачка, Хрватска и Романија.
По пет кола екипата на Скопје има три ремија и два порази и се’ уште чека на првиот триумф, а таква идеална шанса „пиратите“ гледаат против Башкими на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет