Праската ем поевтина ем помалку барана, производство има, ама извоз нема

Оваа година цената на праската е со пониска цена за разлика од лани, бидејќи има повеќе производство, а нема извоз. Произведувачите велат лани праската се продавала по цена од 80 денари и се трошела повеќе за разлика од оваа година кога се нуди по 50 денари а се бара помалку. Но, според нив тоа е резулатат на иселувањето на младите од државата.

„Муштериите доаѓаат, лојалните муштерии, ама многу е жешко и гледаат од сабаје да купат колку можат. Цените се како и секогаш, оваа година дури е пониска цената за разлика од лани, малку повеќе род има, извоз нема. Кога поскапа беше робата ем поскапа ем повеќе се трошеше, ама младите бегаа по странство, останавме ние сами“

Дополнително на ова растат цените на ѓубривата, а едвај исплатливо е да се доаѓа на пазар од Радовиш во Штип. Земјоделие веќе речиси нема кој да работи, па земјоделците стравуваат дека за неколку години ќе мора да се увезува храна.

„Продолжуваме да произведуваме, само треба државата да преземе нешто, оти со овие цени не може да опстанеме. Сите млади бегаат, ќе треба да се увезува роба, јас мислам во рок од три до четири години ќе се увезува роба во Македонија“

Трошоците се големи, цените нисоки, па најверојатно ќе се намалува и производството. Со тоа под знак прашланик се става периодот до кога државата ќе може да опстојува со сопствено произвдоство.

Лаура Стојанова М-Нет