
Со свеќа во рака и желби за здравје и мир, верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на светиот чудотворец и лекар Св. Пантелејмон. Овој празник се чествува секогаш на деветти август и е веднаш по празникот Св. Петка. Со почитување на верата и силна молитва граѓаните на Штип велат овој празник е значаен за македонците и има особена важност за болните.
“Еве со почитување на верата ќе отидеме сега на црква. Денеска се убави денови и затоа треба да се почитуваме, да се сакаме ние луѓето едни со други. Свекичка, молитва внатре во црквата за здравје за среќа на фамилијата и на сите луѓе, да се сите живи и здрави. Па на сите здравје и среќа, ќе си запалам свеќа на фамилијата“, велат верниците
“Оваа година нека биде убаво за сите млади, да не бегаат и да си останат тука. Си запалив свеќа, треба да го празнуваме овој ден, овој ден е голем ден за македонците е голем ден. За среќа за убаво, мир и се“ велат верниците
Инаку, името Пантелејмон според христијанските толкувања означува силен како лав, што го додава фактот дека имал исцелителна моќ додека бил на земјата во 303 година. Овој светец, а тогаш лик со човечко битие, лекувал слепи, оживувал мртви, исцелувал неплодни. Во сеќавање на верата христова тој е препознатлив по делото каде додека одел на пат до своето улилиште забележал мртво дете каснато од змија, каде по неговите силни молитви, се случило чудо во кое змијата умрела, а детето оживеало.
Лаура Стојанова, М-Нет