Појава на голомразица во Истокот, се препорачува внимателно возење и зимска опрема

Снегот и пониските температури донесоа голомразица на патиштата во Истокот, најизразена во Виница и на повисоките населени места.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека до девет часот утринава сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, но поради снежните врнежи се препорачува внимателно возење

,,Во Штипски регион, особено во Општина Виница, на повисоките населени места, има појава на голомразица и се препорачува внимателно управување со возилата.“, Велат од ЦУК

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но апелираат на зголемена внимателност поради снегот и можната појава на голомразица

„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, до возачите се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема,почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот период, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.“, соопштуваат и од Македонија пат

Дополнително од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Иван Митев, М-Нет