Почна 17. издание на „Саем на книгата“ во кочанската библиотека, 13 издавачки куќи дел од истиот

По 17. пат традиционално кочанската библиотека Искра е домаќин на саемот на книгата. 13 издавачки куќи со богати дела за деца и возрасни ќе бидат дел од саемот оваа недела, а во рамки на месецот на книгата. Сите љубители на убавиот пишан збор може да го посетат саемот во периодот од 10 до 18 часот.

„Во рамки на месецот на книгата 15 октомври – 15 ноември и оваа година традиционално ЈОУ Библиотека Искра Кочани организира саем на книги, 17. пат по ред. На овој саем ќе бидат застапени 13 издавачки куќи сите со многу богата понуда и содржина од литература за деца и возрасни. Саемот ќе биде отворен од денеска 6.11 до 11.11 во временски период од 10 часот до 18 часот.“ – вели Ѓорѓиевска Атанасова.

Саемот на книгата е од продажен карактер и денеска официјално беше отворен од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Да се негува убавиот пишан збор, порала Папазов во оваа прилика додвајаќи дека децата треба да научат да читаат книги од најмали нозе.

„Нашите најмлади сограѓани, учениците во основните училишта претпоставува дека ќе бидат ваши гости оваа недела. Ова е еден убав настан кој традиционално по 17. пат се организира. Посакувам да има голем број манифестации од ваков карактер и во наредните години. Го прогласувам овогодинешниот саем на книгата за отворен.“ – истакна Папазов.

Традицијата да продолжи да се негува и во иднина, а овој настан во рамки на месецот на книгата да продолжи да се реализира со многу поголема заинтересираност од издавачките куќи како и посетителите порача Папазов во денешната прилика.

Лаура Стојанова М-Нет