Почна полагањето на екстерниот испит по македонски јазик и литература во Штип

Почна полагањето на екстерниот испит по македонски јазик и литература во Штип

Во 10 часот утрово, 141 ученик од Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ го започна полагањето на првиот екстерен испит во Универзитетот „Гоце Делчев“. Испитот се одвива непречено и според предвидената динамика.

Директорката Јованака Шалева од училиштето потврдува дека учениците се навреме, а атмосферата е тивка и фокусирана. Се очекува сите кандидати да ги завршат обврските без проблеми.

,,Во просториите на на УГД Штип во тек е полагањето на првиот екстерен испит по македонски јазик и литература. Почетокот на матурата беше во 10 часот и започна без никакви проблеми. Од СОУ Коле Нехтенин Штип полагаат вкупно 141 кандидат. Полагањето се одвива без никакви проблеми, учениците беа дојдени на време и не очекуваме да има проблеми до крајот.“, рече Шалева

Дека оваа година е донесено најдоброто решение за полагање на овој испит надвор од училиштето, согласна е Шалева. Како што рече сега е полесно за организација

Инаку, вториот дел од испитот е најавен за 11 јуни во истите простории, а ќе се полага англиски јазик и математика во зависност од изборот на кандидатите.

Иван Митев, М-Нет