
Почнаа активностите за изградбата на тротоарските површини во Општина Карбинци. Проектот се реализира согласно предвиденара програма и работа на општината, а станува збор за површина од околу 220 метри должни, почнувајки од влезот на селото, па се до самата пошта. Проектот има за цел да ги заштите пешаците, пред се учениците, кој секојдневно поминуваат од овде рече Паунов, истакнувајки дека во следните денови ќе се финализира самата изградба.
„Продолжуваме со реализација на проектите кој што ни се предвидени согласно програмата и планот за работа. Во овој момент се работи на изградба на тротоарска површина или пешачка патека, покрај регионалниот пат овдека во село Карбинци. Ја информирам јавноста дека овој проект е многу важен, пред се за безбедноста, но и за подобрување на движението овде на пешаците. Се работи од излезот на селото Карбинци, до самата Пошта, која што е пркатично до средната на општината. Пред се ќе бидат заштитени учениците, на оние кои што секојдневно се движат од овде, а се изложени на ризик покрај самиот регионален пат. Очекувам во следните денови да финализира оваа изградба за да продолжиме понатмау со активностите.“, рече Паунов
За ваквата реазлиција, општината од својот буџет издвои околу 800 000 денари вели Паунов, a на истиот проект ќе се работи и во останитете населени места, каде е неопходно, додава тој.
Инаку, Општина Карбинци е во тек и уредување на тротоарски површини низ речиси сите население места. Како што и вели градоначалникот Паунов, не само што улиците со тротоарските површини ќе изгчледаат уредено, туку ќе пружат голема безбедноста како за пешаците, така и за возачите.
Иван Митев, М-Нет