Почина уште еден пациент од западнонислска треска, нови осум хоспитализирани – еден од Св.Николе

Уште еден пациент почина од западнонислска треска на Клиниката за инфективни болести. Станува збор за 70-годишен пациент кој десет дена се борел за живот, но и покрај напорите на лекарите, не успеал да ја победи болеста. Во моментов на клиниката се хоспитализирани осум пациенти, од кои двајца се во тешка состојба и се на респиратор. Сите се од Скопје, освен еден пациент од Свети Николе, кој се лекува на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти се заразиле во земјава и се постари од 60 години.

“Во моментот на клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум пациенти со потврдена западнонислак треска. Двајца со потешка клиничка слика и се наоѓаат воодделнот за интензивно лекување и се на механичка вентилација. За жал, во текот на викендов регистриран е еден смртен исход на 70 годишен пациент осуми по ред. Пациент кој беше примен на клиниката на 25 август во една изразито тешка состојба, веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. За целиот овој 10 дневне престој пациентот беше во тешка состојба и покрај целиот напор, во текот на викендот заврши.”, рече Цана

Последните случаи на западнонислска треска се потврдени на 3 септември. Според Цана, меѓу хоспитализираните има и еден пациент од Свети Николе, кој се лекува на Одделот за невроинфекции.

,,Последните хоспитализирани и потврдени се од 3 септевмри. Сите хоспитализирани се од Скопје, само еден кој што е во одделот за невроинфекции e од Свети Николе. Сите се заразени во државата и се над 60 години.”, кажа Цана

И понатаму од Клиниката велат дека најтешка е состојбата на двајцата пациенти кои се на интензивно лекување и се на механичка вентилација. Лекарите ја следат нивната состојба и продолжуваат со лекувањето.

Иван Митев, М-Нет