Почина Александар Карадакоски, управител на „Пулс“, на лекување се 78 пациенти, критични се тројца

Почина управителот на кочанската дисотеката Пулс Александар Карадаковски. Тој се водеше како управител на фирмата, која управувала со дискотетката Пулс, а во пракса работеше како шанкер во истата дискотека. Карадаковски беше на лекување во Литванија, каде и починал. Беше еден од четирите критични пациенти.

„Пациентот кој почина, Александар Карадакоски беше 29 години, испратен на 17 март. Вкупната површина на изгореници беше 36% претежно во главата и на вратот со длабочина од втор и трет степен.“, вели Таравари

Во меѓувреме денеска на домашно лекување ќе бидат пуштени пет пациенти, и во државата на лекување остануваат само девет. Во странство се лекуваат 69 пациенти, шест денеска се враќаат во државата, а критични се тројца.

„Остануваат само 78 пациенти од вкупно 193 пациенти кои беа повредени во несреќата во Кочани. Од нив моментално во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани. Надвор од државата денеска се враќаат шест нови пациенти, по двајца од Бугарија, Шпанија и Унгарија“ – додава Таравари.

Карадакоски е 61 жртва од пожарот во Кочани, заедно со возачот на Брзата помош кој почина ден по несреќата откако цела ноќ носеше повредени пациенти од Кочани до Скопје.

Иван Митев, М-Нет