
Пофалби, поплаки и жалби може да поднесуваат граѓаните за изведбата на трите улици во штипска Автокоманда. Согласно со договорот кој е потпишан меѓу трите договорни страни, Светска банка, Министерството за транспорт и врски и Општина Штип, потребно е да се овозможат услови за ваква активност. Изведувачот поставува кутија за поплаки, пофалби и жалби на градилиштето, Општина Штип во општинската зграда и на веб-страницата, а Министерството за транспорт и врски на својата веб-страница, каде има лице за контакт што ги прима.
Како што велат од Министерството за транспорт и врски, граѓаните најчесто се жалат или бараат пристап до некој објект или промена на тротоарските спецификации. Обврската на елаборантите од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, пак, е на состанок со жителите од овој дел на градот да дискутираат за квалитетот на проектот. Според Транспорт и врски, ваков состанок е остварен, а поднесувањето жалби, пофалби и поплаки трае до комплетно завршување на проектот.
Ребека Спасова М-Нет