Потпорен ѕид проблем за Стојче од населбата Три Чешми во Штип, бидејќи бил изграден во неговиот двор

Потпорен ѕид проблем за Стојче Станојков од населбата Три Чешми во Штип. Вели дека неговиот сосед изградил потпорен ѕид кој според него се наоѓа во негово место. Со тоа додава дека ми се одзема дел од дворот.

„Овој потпорен ѕид е во мое место, замолив ги оддамна, па си правив нов потпорен ѕид. Они не си оставиле простор во нивниот двор за да си садат цвеќиња.“ – вели Станојков.

Станојков вели дека се труди да добие соодветни документи за проблемот со кој се соочува во неговиот двор.

„Денеска бев во општина, вадив некои документи. “ – додава Станојков.

М-Нет телевизија стапи во контакт и со соседот, за чии ѕид се јавува и проблемот. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој вели дека ѕидот е изграден пред 15 години, и дека е во негово дворно место, а за тоа поседува и соодветни документи.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет