
Без поголем пораст во бројот на позитивни случаи во Општините од Истокот. Во Клиничката болница Штип вкупно хоспитализирани се 36 лица од кои 35 на Инфективното одделение и едно лице на дневна амбуланта. Кожното одделение и понатаму останува празно т.е. без ковид пациенти. Во изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице, додека пак ново примени се шест пациенти, а бројот на испишани односно оздравени пациенти е четири. Од вкупниот број на хоспитализирани лица 26 имаат потреба од кислородна подршка и се приклучени на апарати за дишење. Бројот на слободни ковид кревети е 25 на Инфективното одделение и 10 на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочанската болница вкупно хоспитализирани се девет пациенти кои од нив пет лица се вакцинирани а во изминатите 24 часа ново примени се две лица.Од вкупниот број на хоспитализирани само едно лице има потреба од кислородна подршка а починати лица нема. Бројот на слободни ковид кревети е 44 информираа од Кочанската болница.
Во Општините од Истокот бројката на ковид активни случаи е 468. Од нив најмногу во Штип 111, Кочани 109 и Делчево 101 случаи. Во останатите градови од истокот бројката е двоцифрена, вклучувајќи го и Пехчево каде има десет активни ковид случаи.
Додека повеке земји од Европската Унија се соочуваат со голем број ковид позитивни, Македонија бележи намалување на заразени со ковид 19. Институтот за јавно здравје соопшти дека е забележано намалување од 17,03 отсто заболени од ковид 19.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчерашниот ден во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.
Лаура Стојанова М-Нет