
Поставен камелникот на новиот објект на „Јофа текс“ кој ќе се наоѓа на влезот во Штип во близина на Три Чешми. Објектот е за производство на делови за мебел кои ќе се извезуваат за западно европските земји.
Целта е да се развива индустријата, да се вработуваат нови лица со што младите ќе се задржат дома.
Јофа текс ги снабдува Источно и западно европскиот пазар со мебел повеќе од две децении.
„Станува збор за 7300 квадрати изградба во првата фаза, а вкупната површина е околу 50 илјади метри квадратни. Ова е почеток и на една нова индустриска зона на Штип.“ – вели Јофчевски.
Инвестицијата е во три фази, а се очекува освен овој објект во новата индустриска зона кај Штип да има и други објекти и заинтересирани инвеститори кои ќе придонесат за отворање на нови работни места и подобрува на стандардот во државата.
„Станува збор за за извозна компанија, а наш приеоритет се македонски компании, посебно оние кои се извозни.“ – вели Ристевски.
Проектот би требало да биде готов за една година. Инвестицијата е вредна околу 10 милиони евра, а треба да има и сто нови вработени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет