Поставен камен-темелникот на новата митрополија во Штип, ќе биде ново седиште на Брегалничката епархија

Поставен е камен-темелникот на новата митрополија на Брегалничката епархија во Штип. Свечениот чин се одржа на први ноември, во присуство на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, и митрополитот брегалнички г. Иларион. Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на 20 години од устоличувањето на митрополитот Иларион на чело на епархијата. Новиот објект ќе се гради во непосредна близина на црквата „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец“. Според најавите, митрополијата ќе се простира на околу 300 квадратни метри.

,,Уште со самото доагање во објектот во кој беше и се уште е сместена епархијата и митрополијата, заедно со храмот Св Никола, дека е недоволно за она за што трена да биде. И во  меѓувреме гледав на повеќе локации уште тогаш и си спомнувам дека од многуте ја одбравме локацијата измеѓу Штип и Ново Село, под Свети Спас. Но, се направија во меѓувреме игралишта и одпадна и таа можност таму да се гради, и остана неизградена идната нова митрополија на Брегалничката епархија. Како што велат дека Свети Лука апосотлот го придржувалот апостолот Павле во неговитеп соети воде низ Македонија, така јас би рекол дека Свети Гаврил Светогороец ни покажа кааде е најдобро место во Штип каде да се изгради новата митрополија.“,рече поглаварот

Со поставувањето на камен-темелникот, означен е почетокот на изградбата на новата митрополија. Објектот е планиран како ново седиште на Брегалничката епархија, а за тоа кога ќе биде изграден засега нема официјална информација.

Иван Митев, М-Нет