
Последни подготовки пред полагањето државна матура во Штип. Средношколците од штипските средни училишта државна матура ќе полагаат во амфитеатрите на УГД Штип. Денеска во СОУ „Коле Нехтенин“ се одржа средба, на која присуствуваа и директорите на останатите средни училишта како и директорката на државниот испитен центар. Целта е да нема застој во организирањето на државна матура во голем простор, која првпат оваа година ќе се реализира на УГД Штип.
„Денешната средба е организирана по повод последните подготовки околу организирање на државната матура во голем простор.“ – вели Јовчевска-Михајловска.
Одлуката државна матура да се организира во поголем простор е со цел учениците да имаат поголем конфор, но и наставниците да можат да ги набљудуваат средношколците со што би се намалило и препишувањето. Просторот меѓу учениците на државна матура треба да биде метар и половина, со што би работеле непречено.
„Денес како гости ги имаме преставниците од Државниот испитен центар. Тие се овде за поуспешна организација на државната матура за оваа година.“ – вели Шалева.
Пред два месеци се склучи и договор со УГД Штип, со што во мај и јуни сите амфитеатри на универзитетот ќе бидат ставени на располагање на учениците за полагање државна матура. УГД Штип располага со голем број амфитетари кои собираат од 80 до 240 ученици, со што треба успешно да се реалзира државната матура која ќе се полага кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет