Посилни и посплотени од претходно медицинските сестри го одбележаа Меѓународниот ден на медицинските сестри

Ковид пандемијата со огормно влијание врз начинот на одвивање на еден работен ден како на обичниот граѓанин, така и на медицинскиот персонал, овде посебно вклучувајќи ги медицинските сестри. На Mеѓународниот ден на медицинските сестри разговараме со Миријана Илиќ, Претседател на здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на град Штип. Каков е работниот ден на една медицинска сестра?

„Медицинските сестри, сите здравствени работници во овој период имаат сосема различен ден од пред година дена, затоа што се во континуиран допир со вирусот, што значи кога ќе се вратат дома се изолирани, многу е проблем ако имате мали дечиња и мислам дека во овој момент сите семејства се прилагодуваат на ситуацијата каква што е“ – истакна Илиќ

Фундемендалното значење на Медицинските сестри во денешно време ги сруши сите стереотипи. Со оглед на фактот дека се наоѓаме во време на пандемија, променета е комплетната слика на работата на медицинската сестра. Освен што одговараат на нивните работни задачи, тие моментално се вклучени и во борбата со корона вирусот. Во штипската болница бројот на медицински сестри ротира.

На денешен ден пред пандемијата се наградуваа најдобрите медицински сестри, денот се славеше на разни начини. Денеска се е поинаку.

На крајот на неделата на сестринството и одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри, Илиќ се надева дека догидна работите полека ќе се вратат во нормала и овој ден ќе биде прославен на вообичаен начин како во годините претходно.

Лаура Стојанова М-Нет