
Намалени цени пред Прочка на пазарот во Штип, граѓаните во потрага по свежи производи. Најбарани овој петок беа портокалите од овошјето и зелената сала од зеленчукот. Граѓаните велат според месечните примања цените се сепак високи, но согласно маката на земјоделците, цената е прифатлива. Велат дека се подгтовени достојно за празникот во недела.
Иако врнежлив ден, сепак продавачите задоволни од излезеноста овој петок. Благодарни за побарувачката, а велат дека намалување на цените има на брокулата, зелката, блитвата и прокелот.
Инаку, дополнително граѓаните овој петок купуваа киви, јаболка, млад кромид, морков, како и многу зачини за во кујна. Се продаваше домашно кравјо млеко, свежи јајца и домашни земјени садови.
Иван Митев, М-Нет