
Кочани вчеравечер остана под вода откако силно невреме проследено со дожд, град и ветер го зафати градот. Дел од улиците беа поплавени, ветерот турна некоолку дрва, регистрирани се мали пожари од спој на жици, а под вода беа и приватни дуќани, домачинства како и основнот училиште Свети Кирил и Методиј. Граѓаните во Кочани од улицата Осми март и Брегалничка чии домови беа поплавени пред камерите на М-Нет телевизија велат не паметат вакво невреме до сега. Апаратите за домаќинство веќе не работат, подрумите се полни со вода, штетите до прва ќе ги утврдуваат.
„Напуни се подрумот полн, не можеме да отвореме па ги повикавме од Водовод, вадија ја водата до четири часот сабајле.
Најпогодените граѓани причина за поплавите гледаат и во затворените шахти, како на влезот во Кочани каде треба да се гради нов кружен тек.

„Проблемот е горе, шахтата ја избетонираа тука на ќошето кај новиот кружен шо ќе го прават и таму избетонираа и водата целата од таму дојде тука“
Од Локалната самооуправа во Кочани истакнаа дека сите граѓаните кои претпреле штета од невремето истата да ја пријават во општината.
Лаура Стојанова М-Нет