Поплавени дворови, земјоделски посеви, магацини за ориз во Облешево, надлежните на терен

Полавени дворови, ниви, земјоделски посеви во село Облешево, откако се излеа Кочанска река. Дворовите на голем дел жители се поплавени, куќите со влага. Велат не е прва година, при најмал дожд се соочуваат со оваа проблематика, водата од каналите и вадите да заврши во нивните дворови.

„Сабајле водата во 5 часот наиде во дворот, целиот е поплавен“

Дополнително обилните врнежи од дожд ја уништија и последната надеж кај земјоделците дека ќе продолжи жетвата на оризот. Дел од нивите се уште не се ожнеани, а како што велат оризопроизводителите нема ниту да се жнеат. Во моментот се работи да се спаси оризот во амбарите да остане сув за да може да се употребува.


„Некаде околу 20 домаќинства се под вода, магацини со вода, жива стока – свињи и кокошки. Ситуацијата е алармантна бидејќи водата надоаѓа, не се повлекува.“ – вели Максимов.

На терен се и надлежните со механизација. На Општина Чешиново Облешево помош и пристигна и од Кочани, ама како што вели градоначалникот не е доволно. Затоа бара помош од државните институции со цел да се надмине состојбата со поплавите.

„Во моментот помош ни пружа ТППЕ Кочани. Но не е доволно и бараме помош од поголема механизација од државните институции“ – вели Костадинов.

Со последните вржени од дожд се наполни и каналот во село Спанчево, а штети има и во останатите населени места во Општина Чешиново Облешево. Во наредните денови ќе се формира комисија, а граѓаните ќе имаат можност да пријавуваат штети.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет