
Еднонеделен одмор за повеќе од половината македонци е само мисловна именка. Според податоците на Евростат, загрижува фактот што мад 55% од македонците не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од местото на живеење. Ама ова не е изненадувачки за граѓаните во Штип. Тешката финансиска криза во која се наоѓаме велат е главна причина поради која не можеме да си дозволиме еднонеделен одмор. Дел од нив се децидни дека во денешно време повеќе пензионерите може да одат седум дена на бања на пример, за разлика од работниците.
„Зависи кој каде работи и каков Буџет има. Еднонеделен? Знае се ние пензионерите, да ви кажам повеќе пензионерите користат годишен одмор од работниците во конфекциите.
Инаку, полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%). Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7. Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%). На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.
Лаура Стојанова М-Нет