
Реконрден број прекршоци за само еден ден, се казнуваат и возачите на електрични тротинети. Во рамки на засилените сообраќани контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектрри за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден евидентирале вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од законот за безбедност на соовраќајнот на патиштата, а во помача мера и по основ на Законот за возила
По основ на одребите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, најмногу прекршоци има за неправилно паркирање, санкционирани дури 197 луца. На второ место се прекроци за брзо возење, дури 182 прекршока. На трето место се лицата кои возеле без возачка дозвола, дури 64 учесника, а на четврто и петто возачите кои не носеле појас, лицата кои користеле мобилен телефон при управување со возило и возачите на мотоцикли кои не носеле заштите шлем.
Дополнително, евидентирани се шест случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.
Согласно пак Законот за возила вчера беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 11 по основ на возила коишто не биле регистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. И понатаму од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Иван Митев, М-Нет