
До минатата сезона Трета кошаркарска лига сега Аматерска трета кошаркарска лига која е ребрендирана со цел подобра организираност и подобар квалитет, лигата е сениорска, а во која ќе настапуваат осум екипи.
Ќе се натпреваруваат Гевгелија, ИБА Баскет, Дибра Иглс, Конзули, Хераклеа, Винеам, Чаир и екипата на Шар Планина.
Стартот на новата сезона е планиран за 25 октомври со натпреварите од првото коло, а во рамки на истото Гевгелија ќе се соочи со ИБА Баскет, Дибра Иглс ќе игра против Конзули, Хераклеа ќе се соочи со Винеам, а пак Чаир на стартот од новата сезона ќе биде домаќин на тимот на Шар Планина.
Во есенскиот дел ќе се одиграат седум кола, а последното коло ќе се одигра на 13 декември. Пролетниот дел се отвара на 17 јануари со натпреварите од осмото коло.
Александар Ванев, М-Нет