
Заврши сезоната во Првата и Втората футсал лига, а со тоа познат е конечниот изглед за следната сезона.
Во Првата футсал лига следната сезона ќе биде шампионот Проект, вицешампионот Кеги Моби, Форца, Јувентус Серава, Бутел, Шкупи, Клими и Осогово, како и новите прволигаши повратниците Железарец и СЕЕ Университи од Тетово.
Оваа сезона од Прва во Втора лига испаднаа Мал Ајакс од Штип и Балкан од Скопје, а конечниот изглед во Втората лига за следната сезона ќе биде познат подоцна, бидејќи може да се случи да се пријави некоја нова екипа или пак некоја екипа да го откаже учеството за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет