Познат датумот за старт на новата сезона во Првата женска кошаркарска лига

Со осум екипи на 18 октомври со натпревари од првото коло ќе започне новата сезона во Првата женска кошаркарска лига.

Во истата ќе се натпреваруваат шампионо Баскет Кам од Македонска каменица, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, Пробаскет, Бадел 1862, Крива Паланка, Патриот од Делчево, Вардар и Спорт Тим.

Баскет Кам одбраната на титулата ја започнува со гостување кај МЗТ Скопје Аеродром, Пробаскет ќе биде домаќин на Бадел, екипата на Крива Паланка ќе го пречека делчевски Патриот, додека пак Вардар ќе се судри со Спорт Тим.

Есенскиот дел ќе заврши со натпревари од деветтото коло на 20 декември, а пак пролетиот дел ќе започне на 10 јануари со мечевите од десеттата рунда.

Александар Ванев, М-Нет